3.8 C
New York
Saturday, November 27, 2021

Buy now

spot_img

Ограбени црква и таксист и пуштени лажни 1.000 денари во Штип

Два грабежа и пуштање во промет на фалсификувани банкоти се регистрирани за само еден ден  во Штип.

Првиот грабеж е во црквата „Цар Константин и Царица Елена“ на ул.„Брегалничка“ во Штип каде е скршена влезната врата, а од иконите се одземени пари.

Во вториот случлај ограбен е таксист. Тој е нападнат додека бил во своето возило на ул Черења и од чантата му се украдени исто така пари.

За колкава сума се работи од СВР не кажуваат, оттаму само ги потврдуваат инцидентите и информираат дека работат на ниво расчистување.

Во тек се активности и за расчистување на случај со пуштање во оптег на фалсификувањеи пари. Банкнотата од 1.000 денари, во полиција ја однел 31-годишен штипјанец. Истата е одземена и е предадена на вештачење.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,030FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles