2.9 C
New York
Saturday, November 27, 2021

Buy now

spot_img

Брука во Штипскиот центар за култура. Директорот спроведува анархија, мобинг и насилство, велат од ВМРО ДПМНЕ

Брука во Штипскиот центар за култура. Директорот спроведува анархија, мобинг и насилство, велат од ВМРО ДПМНЕ и побараа полицијата , инспекцијата , јавниот обвиноител и синдикатот да истражат, но и да изречат санкции за првиот човек на оваа институција.

Пресот на ВМРО ДПМНЕ доаѓа само еден ден откако наместо на проба , дел од актерскиот тим и директорот завршија во полиција по обвинувања за напад и физичка пресметка:

Извесно време домот на културата стигнуваат гласини дека во институцијата владее анархија, мобинг и нехумано изживување на директорот врз вработените,изјави Душко Иванов, советник од ВМРО ДПМНЕ – Штип

За случувањата во оваа институција од ВМРО тврдат дека е информирана и полицијата.

Со писмено соопштение, реагираше и прозваниот директор на Центарот за култура, Горан Трајков:

НУЦК АЦО Шопов – Штип  работи строго во служба на граѓаните за остварување на националниот интерес во културата согласно актите и прописите од мак. легислатива.  Дали обврската на дел од вработените актери во установата за остварување на нивните работни цели и задачи значи и малтретирање и изживување со вработени ??? Нека одговорот на ова прашање најпрвин партијата која ги изнесува овие изјави детално го утврди, па дури отпосле ке има право и можност да  раководното лице во Установата го обвинува и поставува вакви непотребни прашања ?!!! вели Трајков.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,030FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles