Сојузот на синдикати не отстапува минималната плата до Нова Година од сегашните 15.500 да се дислоцира на 18.000 денари. Причините за ова се во ценовниот залет и големиот ризик за и така лошиот стандард.
Овој предлог на Синдикатот беше актуелен пред изборите и во јавноста веќе се разви и дебата , но во последните денови оваа тема веќе не е присутна. Дали Синдикатот се повлекува
„Ние не се повлекуваме ова е еден предлог што го даваме овој молк изминативе неколку денови беше поради изборите и несакавме да делуваме“ Изјави Љупчо Радовски-претседател на сојуз на текстилни и кожарски работници,
Паралелно со оваа иницијатива во овој период актуелна е и исплататат на К-15 за работниците , односно неизвесноста дали тие , воопшто, ќе го добијат. Има ли Синдикатот овој пат начин од работодавачите да издејствува поголеми исплати по овој основ
„На работодавачите сепак ќе наложиме да се почитува законот за спирано покачување или наградување“ Изјави Љупчо Радовски-претседател на сојуз на текстилни и кожарски работници,
Што ќе се случува со К-15 годинава повторно е неизвесно, бидејќи законот за работодавачите има мала излезна врата која тие досега вешто ја користеа некои поради немање можност , а други според различни убедувања. Во секој случај, огромен дел од работниците К 15 како што предвидува законот – не видуваат.