Сите предуслови за евентуално прогласување на енергетска криза во земјата се создадени бидејки Владата на ден пред изборите на 30 октомври за тоа донела Уредба .

Самото донесување на Уредбата по автоматизам не значи и прогласување на кризна состојба туку според Законот за Упраување со кризи по потреба се донесува одлука за начинот на употреба на ресурсите. Тоа значи дека струја мора да има за клучните институции како болници, армија и слично
Сето ова е во случај на енергетка криза од големи размери што подразбира природни непогоди, хаварии и слично но дали донесувањето на ваква Уредба значи во најмала рака досега невидена пазарна криза и цени на струјата?
Се надевам дека Владата ќе преземе се за да немаме рестрикции во 2021 година, бидејќи денешната ситуација е резултат на несовесно работење во енергетскиот сектор на подолг временски период, а не на енергетската криза која е на светско ниво. Мислам дека за граѓаните ќе има струја, со тоа што ЕСМ продаде електрична енергија на ЕВН заклуцно до 31.12.2021 година. Би било коректно да се соопшти на граѓаните кој е планот за до пролет? Рестрикции се последна инстанца која се надевам нема да ја доживееме, струја има секогаш да се купи на берзите прашање е само цената на таа електрична енергија, појасни за ТВ Стар, Сања Божиновска , енергетски експерт.
Она што сега се случува со цената на сите енергенси е состојба која на никој не му се допага но сега прањето е Не дали Владата ке си го одржи зборот и цената на струјата да остане иста, туку дали струја ке има доволно .
До Нова Година мислам дека нема да има проблеми со снабдување на домаќинствата, меѓутоа како ќе влеземе во 2022 година е дискутабилно. Дали ќе набави Владата јаглен за РЕК, дали ќе купи мазут, дали ќе проработи ТЕЦ Неготино или ќе купи скапа струја? Зависи од изборот, врз основа на тоа ќе се знае колку ќе биде поскапа струјата. Значи прашањето е колку, а не дали ќе биде поскапа струјата во 2022, додава Божиновска.