13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img

Во Регионот активни корона случаи има 762

Расне бројот на активни корона случаи во источниот регион и денес нивниот број изнесува 762, што е за 70 повеќе во однос на состојбата од пред три дена.

Состојбата со бројот на новозаболени, загрижувачка тенденција покажува во Македонска Каменица, каде потврдено позитивни има  45 лица, што е за 50 % повеќе од пред три дена кога имаше 21 случај.

Идентична е состојбаат и со Берово, каде бројката за три дена исто така од 21 се искачи на 47. 

Први на листата на ковид активни и понатаму се Штип и Кочани со 230, односно 196 Ковид 19 позитивни.

Од друга страна, бројот на хопситално третирани пациенти во Штипската болница покажува неколкудневна константа. Таму, веќе извесен период се лекуваат 50-тина  лица:

Имаме 43 пациенти на Инфективното одделение, од кои 29 се на кислородна поддршка. На Кожното одделение има вкупно 7 пациенти со полесна клиничка слика, информираат од КБ – Штип.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,043FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles