2 C
New York
Sunday, November 28, 2021

Buy now

spot_img

Министерот Бектеши најавува кризна енергетска сосотојба од идната недела – рестрикции не се предвидуваат

Во текот на идната недела , најверојатно од вторник, ќе биде прогласена кризна енергетска состојба, а вовед во неа е донесената владина уредба за начинот и критериумите за нејзино прогласување.

Прогласувањето на кризна енергетска состојба има единствена цел на енергетските компании ЕСМ и МЕПСО да им се вбризгаат буџетски пари и да им се зголеми ликвидноста за да можат да интервенираат за увоз на струја, но рестриктивни мерки не се предвидени, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Иако во изјавата министерот Бектеши е децидно јасен , граѓаните не се рамнодушни што се се случува со секторот енергетика, а особено со струјата , па оттука и сериозно стравуваат од дополнителни трошоци:

„Со сигурност ќе има покачување и тоа не 20 туку 100%…… изјавија анкетираните  граѓани

Размислувањата на граѓаните ги потврдува и енергетскиот експерт Сања Божиновска, која за ТВ Стар потврди

Струја има секогаш да се купи на берзите прашање е само цената на таа електрична енергија.  Значи прашањето  е колку,  а не дали ќе биде поскапа струјата во 2022, смета Божиновска.

Освен граѓаните, крајно загрижени за високите цени на струјата се и стопанствениците чие производство се темели на струја. Нивните трошеци по овој основ ќе скокнат од 50 до 150 % поради што во прашање им доаѓа и рентабилноста

Како за овој проблем размислувата Регулаторна:

Регулаторната комисија предвидува повеќе начини како да се намали очекуваната  енергетска криза. Во комбинација е операторите, привремено да се здружат и заеднички да набавуваат струја, или пак, да се откажат од профитниот дел, изјави Бислимовски, коментирајќи ја состојбата со енорманата цена на струјата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,032FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles