-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Набавени 40.000 басплатни вакцини против грип. Ризичните групи можат да се пријават на vakcinacija.mk

Од денес започна пријавувањето на ризичните групи за вакцина против грип. Набавени се вкупно 40.000 бесплатни вакцини, за пет категории граѓани кои се сметаат за ризични.

Тоа се Стари лица (над 65 години); Лица со хронични заболувања; Здравствени работници; Бремени жени и Децата на возраст од 6 месеци до 5 години.

Сите граѓани кои припаѓаат на една од овие ризични групи, за вакцина треба да се најават на vakcinacija.mk. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на смс пријавените ќе добијат информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој го изберале при регистрацијата.

Иако, во дел од државите во регионот со вакцинација против грип се започна уште на почетокот на октомври, од ресорното министерство се на став дека за вакцина, никогаш не е доцна:

Не е доцна, граѓаните да се вакцинираат против грип во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци, оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруари, информираат од Министерството за здравство.

Инаку, вакцината против грип не штити од Ковид 19, но истата е многу значајна во услови на пандемија и влијанието на здравствениот систем.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles