6.7 C
New York
Wednesday, December 1, 2021

Buy now

spot_img

Случајот Северна во Штип продолжува. Министерот Милевски најавува инспекција и бара реприза на конститутивната седница

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски најави инспекција и реприза на конститутивната седница на штипскиот совет. Цврстиот став и намерата на Милевски доаѓа три дена по спорната конститутивна седница  кога советниците од ВМРО ДПМНЕ дадоа свечени заклетви без придавката Северна, односно со некогашното име Република Македонија:

„Доколку продолжат да работат и носат одлуки инспекторатот за ЛС ќе ги поништат сите одлуки бидејќи немаат легално верификуван мандат . Затоа апелирам инспекторот ќе оди и ќе сакаат да се видат со Градонмачалникот и со администрацијата кои овие работи би требало да ги знаат“ изјави Горан Милевски- министер за локална самоуправа

Од друга страна, намерата на министерот Милевски од новоформираниот штипски совет ја толкуваат на следниот начин:

„Доколку министертвото за Л.С изврши надзор и достави решение како што најави министерот во самото решение ќе има поравна поука соогласно кое ние ќе можеме да го доставиме до упарвниот суд“ изјави Душко Иванов, советник од ВМРО ДПМНЕ – Штип

Инаку, прва седница по конституирањето , штипскиот довет ќе има утре, но со овој став на министерот, се поставува прашањето дали одлуките што ќе бидат донесени , ќе бидат законски и дали ќе има репризно конституирање:

„Тие треба да потпишат изјави соогласно уставот. И доколку го почитуваат уставот нема да имаат никаков проблем…..изјави Горан Милевски  – министер за локална самоуправа

Освен во Штип, заклетви без Севетна, беа дадени уште во неколку општини во Државата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,041FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles