Во Хрватска во градот Чаковец е регистриран првиот случај на коронавирус делта плус, соопшти Хрватскиот завод за јавно здравје. Делта Плус сојот беше класифициран од индиското Министерство за здравство како „варијанта на вирус кој предизвикува загриженост. Оваа ознака покажува дека е позаразна, полесно се врзува за клетките на белите дробови и е потенцијално отпорна на терапија.