19 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Природа и здравје – Природно намалување на хипертензијата

Ако крвниот притисок нагло ви се покачува и се чувствувате лошо, добро е да знаете неколку трикови како да го намалите набрзина. Еден начин е да консумирате одредени намирници кои влијаат на него.

За вистинско здравје потребно е да се смени исхраната и да се зголеми физичката активност на дневна база. Како и секое лекување, ова е процес. Ваквата прва помош нема целосно да го реши вашиот медицински проблем, но може да направи да се чувствувате подобро за миг.

За брзо намалување на притисокот, се препорачува да се изедат три згмечени чешниња лук. Свежо згмечениот лук делува на хипертензијата.

Циметот исто така ќе го намали притисокот. Само неговиот мирис влијае на контролата на притисокот, а ако полека земате половина лажичка цимет во прав, а потоа испиете чаша вода, високиот притисок треба брзо да падне. Редовното консумирање цимет, во пијалак или како зачин, долгорочно ќе влијае на притисокот и ќе го одржува на нормално ниво.

Редовното консумирање на бадеми и други јаткасти плодови исто така ќе направи да се чувствувате подобро.

Лутата пиперка измешана со топла вода и мед е најбрзиот начин за намалување на хипертензијата, бидејќи за миг ги проширува крвните садови, а со тоа го намалува притисокот и поттикнува подобар проток на крв. Ова е можеби најдоброто решение што можете да го примените доколку почнете да ги чувствувате негативните ефекти од хипертензијата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles