Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто односно з аполовина до еден денар за литар.
Од 9 ноември максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР 95 – 76,5 ; ЕУРОСУПЕР – 78,5 ; ЕУРОДИЗЕЛ 67,5 и Екстра лесно масло за домаќинства – 66,5 денари/литар. (графика)