15.9 C
New York
Friday, September 29, 2023

Buy now

spot_img

Делегација од Хрватска во посета ЛС-Штип

Делегација од Хрватска попладнево беше во посета на општина Штип каде се сретна со градоначалникот Иван Јорданов. Тема на посетата е перспектива за соработка во повеќе сфери.

За гостите од Хрватска денешнава посета е одлична можност за размена на искуства и продлабочување на веќе докажаното пријателство.

Големо е задоволството  што за првпат сум овде во Штип и имам прилика да ги поздравам сите особено Хрватското здружение и Долорес. Голема благодорност за сите кои даваат голем придонес поврзани со зачувување на идентитет и по се она што се препознаваат Хрватите. Се надевам дека таа соработка ќе трае и секако тоа ќе го подржи градоначалникот Јорданов изјави Звонко Милас, државен секретар во Државниот уред за Хрватите надвор од Република Хрватска.

Македонија и Хрватска имаат децениска  одлична соработка , а потврда за тоа се големиот број заеднички настани гласво од сферата на културата, образованието и трговијата.

Трговската размена меѓу двете држави во време на пандемија бележи раст од 132 на 147 милиони евра. Од оваа сума, на извоз отпаѓаат 69 милиони евра, додека на увоз 78 милиони евра.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,874FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles