Хотелските капацитети се со минимална исполнетост. Хотелиерите чекаат одговори од релевантните институции околу правилата за дочек на Нова година за да знаат што да понудат, но и дали ќе добијат субвенции од државата, за плати на вработените. Од ХОТАМ барата итна помош од Државата, зашто информираат дека работеле со загуби и дел од хотелите затвориле, но и тие што работат со минимален капацитет едвај се снаоѓаат како да ги покријат месечните трошоци.