3.6 C
New York
Sunday, December 5, 2021

Buy now

spot_img

Бројот на ковид инфицирани се зголемува – нови мерки не се планираат

Бројот на ковид инфицирани пациенти се зголемува, но нови рестиктивни мерки не се очекуваат.

Аналиците на терен покажуваат дека бројот на новозаразени за период од две недели е зголемен за 28,5 % во дури 35 општини, а бројот на болнички пациенти бележи раст од 15 %.

Ова денес на прес конференција го посочи министерот за здавство Венко Филипче кој најави дека состојбата детално ќе биде анализирана во петок на состанок на Комисијата за заразни болести:

-Со членовите на Комисијата сме во континуирана комуникација и во периодот додека беше ситуацијата прилично мирна. Освен размена на информации, така се евалуираше и потребата за официјален состанок. Во петок ќе има состанок согласно новите анализи. Во однос на мерките, ќе ги слушнеме предлозите и согледувањата. Јас сметам дека треба да продолжат превентивните мерки и да се зголеми процентот на вакцинација,“ рече Филипче.

Наместо нови мерки, ќе се инсистира на зголемување на опфатот на вакцинирани, поради што денес до сите матични лекари е испратено писмо да ги повикаат своите невакцинирани пациенти.

Досега се аплицирани над 1,6 милиони дози вакцини против КОВИД. Во моментов поради Ковид-19 се хоспитализирани 518 пациенти, што е 6,4 отсто од активните случаи. Во следната недела ќе се прави секвенционирање за да се види со кој сој се заразени активните случаи.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,044FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles