На речиси 90 % од пациентите сместени на Инфективното одделение во Штип им е неопходна кислородна поддршка . Од вкупно 51 лице сместени таму, дури 45 се на оксигенска терапија, покажува последниот болнички извештај.
Голем број од пациентите уште при приемот доаѓаат во тешка здравствена состојба, со отежнато дишење и ниска сатурација, велат од Болницата за ТВ Стар.
Ова меѓу другото е причина и за големата смртност на пациентите. Речиис и да нема ден без починати на ова одделение. Синоќа, битката со болеста ја загуби 74-годишен пациент од Штип.
Во моментов, во општините од Регионот има 858 активни случаи на ковид 19. Високо на листата се Штип и Кочани, но зголемување на бројот има и во Свети Николе, Делчево и Пробиштип.