2 C
New York
Sunday, November 28, 2021

Buy now

spot_img

Не доаѓа добро време за граѓаните. Цените нагоре ќе одат незапирливо

Енергетската криза незапирливо ќе биде присутна  во наредниот период и таа цените ќе ги упатува нагоре. Ова особено ќе ги засегне цените на основните животни артикли чие покачување овој пат, граѓаните ги загрижува најмногу досега.

Очекуваме дека ќе биде многу лошо и во иднина и ќе се качуваат цените во иднина…. Ќе ни биде многт тешко и многу сме загрижени изјавија анкетираните

Покрај пандемијата, ценовниот е вториот голем шок за граѓаните, па оттука и нивните песимистички ставови за состојбата. Ако кризата е на прагот, тогаш првото неминовно прашање е како со неа ќе се справуваме и кога од неа би излегле:

Електроенергетската криза е прогласена за ЕСМ и МЕПСО да можат да повлечат средства од Буџетот и да ја поправат својата финансиска состојба. Рестрикции имало и порано. Но сега има слободен пазар на електрична енергија од различни снабдувачи. Снабдувачот мора од добавувачот од странство предвреме да ја плати струјата. Ако има рестрикции, добавувачите нема да можат да ја продадат струјата не по своја вина. Ако ја продадат на друго место, ќе имаме дополнителни проблеми. Мислам дека рестрикциите не се решение, вели Бислимовски.

Иако експерите велат дека крај на кризата ќе има, искуството од минатиот период зборува дека формално нејзино завршување има, но цените никогаш повеќе не се враќале на претходното ниво. 

До овој момент, кризата своето доаѓање на голема врата го потврдува  со енормното зголемување на цената на леб, млеко, месо, месло, шеќерот …

Ова беше доволна причина Синдикатот да побара зголемување на основната плата на 18.000 денари , што засега е тешко остварливо, бидејќи во Државата има максимално нестабилна политичка состојба и се чини дека Синдикатот во моментов нема со кого да разговара. Ќе биде ли оваа зима една од најтешките во последните 30 години, се полесно е да  се претпостави.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,032FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles