13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img

Првите два големи проекти што ќе се реализираат во Штип се обиколницата кај Пребег и водоводната линија 2.

Обиколницата кај населабата Пребег е првиот капитален проект што во почетокот од идната година треба да биде реализиран во Штип. Оваа сообраќајница ќе реши огромен проблем бидејќи ќе биде поврзана со новоизградениот мост на реката Брегалница, кој пак поврзува неколку населби со индистрискиот дел на Штип.

Водоводната линија 2 ќе биде изградена догодина

Вториот голем зафат се однесува на водоводната линија 2 за која досега со години се зборуваше, но, ниту една гарнитура не го прифати предизвикот да ја изгради. Градоначалникот Јорданов вели дека тој сега ќе стави точка на сите одлагања.

Водоводната линија 2 ќе го олесни и надполни сегашното водоснабдување кое се одвива со големи проблеми во текот на целата година, но,и ќе го преполови ризикот во случај на дефекти. Во такви случаи без вода сега останува безмалку цел град, поради единствената водоснабдителна линија. Со изградбата на уште една, последиците од дефектите нема да се однесуваат на сите.

Според најавите, реализацијата на изградбата на овие проекти ќе се случува во наредната година, но, оптимистички се предвидува тие да бидат завршени во првите шест месеци од годината.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,042FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles