Заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар кој вчера во Подгорица се сретна со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека САД се загрижени за „вкоренетата корупција во Црна Гора“. Според Амбасадата на САД во Црна Гора, Ескобар ја охрабрил Црна Гора да продолжи да игра конструктивна улога во справувањето со регионалните предизвици. Ова беше прва посета на Ескобар на Црна Гора како специјален пратеник за Западен Балкан.