-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Бројот на заболени и болнички корона пациенти – расте. Нови мерки засега нема

Комисијата за заразно болести денес не препорача нови мерки за заштита од Ковид 19 и покрај континуираниот пораст на ново заболени и болнички лекувани пациенти.

Од Комисијата остануваат на ставот дека е доволно почитување на постоечките мерки носење маска,  држење дистанца и зголемување на вакциналниот опфат:

Ние можеме да контролираме, но не може ниту една држава се да исконтролира. Затоа е свеста и совеста на граѓаните многу важна. Тука е државата со своите институции да контролира таму каде може, но апсолутно граѓаните мора да се совесни –изјави Венко Филипче, мин. за здравство

Во моментов околу 5-6 % од заболените се на болничко лекување. Во Штипската болница бројката се искачи на 63 :

Имаме 56 пациенти на Инфективното одделение . Од кои 43 се на кислородна поддршка. Дополнително, уште 7 пациенти се сместени на Кожното одделение. Еден пациент од Штип на 72 години, ноќеска почина, информираат од КБ – Штип.

Во однос на вакцинацијата, и понатаму останува мал интересот за примање на прва доза, наспроти оној за ревакцинација со трета:

„Досега има 2900 вакцинирани граѓани кои примиле трета доза на вакцина но, заинтересираноста за прва доза на вакцина е многу малко и вакцинираме по 10-20 граѓани на ден“ изјави Дијана Коцева Миланова, координатор за вакцинација

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles