2 C
New York
Sunday, November 28, 2021

Buy now

spot_img

Мислиме дека одиме напред, но се лажеме. Пред 5 години сме живееле подобро

Пред 5 годин и се живеело подобро отколку сега . Сите економски реформи, престројувања и мерки , не граѓаните не им донеле ништо подобро во животниот стандард, вели статистиката која се однесува на животот пред 5 години и сега.

Ваквата статисика особено се однесува на купување на оснвоните животни артикли. Колку за пример, со просечна плата од 22.300 денари  во 2016 година можело да се купат 57 кг леб повеќе и 58 литри зејтин повеќе, отколку со сегашните просечни  28.600 денари.

Имено, пред 5 годни цената на килограм леб била 48 денари, а на маслото за јадење 65. Истите артикли сега се продаваат по цена од 70, односно 100 денари.  

Ако платата се претвоти во основни артикли, тогаш доаѓаме до податок дека со просечна плата во 2016 можеле да се купат 466 килограми леб и 344 литри масло. Сега, просечната плата е еквивалент на 409 кг леб и 286 литри зејтин.

Голема разлика има и во цените на горивата. Во 2016 година литро 98-октански бензин чинел 65 денари, а еуродизел 50. Сега, цените на истите горива сега се 78,5 односно 67,5 денари за литар. 

Според овие цени , пред 5 години сме можеле да купиме 343 литри бензин и 446 литри дизел, а сега 364 литри бензин и 423 литри дизел.

Што значи , платите пред 5 години обезбедувале 23 литри еуродизел повеќе, но 24 литри еуросупер 98 помалку.

Од друга страна, убедливо најлошо се живеело во 2011 година, кога за просечна плата можело да се купат најмалку производи.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,032FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles