Конститутивната седница на кочанскиот совет денес беше репризна на штипската откако и овдешните советници во конфликт влегоа поради придавката Северна.
Сепак на крај советот е конституиран, а за претседател со 10 членови за и еден воздржан беше избран избран Лазо Митев од советничката листа на ВМРО ДПМНЕ.
Повторената слика од Штип во кочанскиот совет веројатно ќе биде предмет на работа за инспекторите од Мин. за локална самоуправа кои по истиот повод беа во Штип и за три работни дена ветија информација за случајот. Оттогаш поминаа 5 работни дена но инфоемација нема, што насочува дека во иста процедура влегува и Кочани.