13.2 C
New York
Thursday, December 2, 2021

Buy now

spot_img

Инспекциската опомена, засега не ги засега советниците од ВМРО ДПМНЕ во штипскиот совет. Седница, одржаа и денес

Инспексциската опомена засега, не ги засега советниците од ВМРО ДПМНЕ кои денес одржаа нова седница на Советот. Според нив, решението на било конкретно и не посочува што точно тие треба да корегираат.

Со решението кое во доцните попладневни часови во петокот пристигна во Општината, опомени добија претседателката на Советот Весна Карагунова Кожинкова и градоначалникот Иван Јорданов.

Дополнително, беше даден конкретен рок да се поднесат нови свечени заклетви со уставното име и да се повторат сите дотогаш донесени одлуки. Но, иако тоа досега не е направено, денес се одржа нова седница на советот

Од друга страна , на седницата и денес не присуствуваа опозициските советници кои најавија отсуство од советничката сала се додека не се прочитаат нови заклетви.

Инаку, доколу мнозинството советници од штипскиот совет непостапи согласно добиеното решение од Инспекторатот во рокот кој им е даден, во тој случај може да се примени и мерката „забрана за прописи“. Ова ќе значи целосна болокада на работата на Советот на Општината.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,043FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles