3.3 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Откупот на тутунот во Регионот ќе започне на 20 ноември. Производителите очекуваат фер процена и фер цена

Од 20 ноември, ако се остварат најавите,  производителите на тутун, своеите количини  можат да ги носат на откупните пунктови , бидејќи официјално откупот ќе започне.

По сите минатогодишни проблеми , откупни нерегуларности и пролонгирање на роковите , овој пат тутунарите очекуваат нормална купо-продажна постапка:

„Очекуваме дека оваа недела ќе биде добро и фер а најважно од се е да имаме фер откуп и исплата навреме а цената да се движи 200 денари изјавија“ анкетираните тутунопроизводители

За разлика од лани , некои од критериумите за процена се изменети што за произвоидителите е позитивен момент:

Во првата класа се зголемува должината на тутунскиот лист, од 12 на 14 сантиметри, а во втората класа до 18 сантиметри. Дополнително, се укинува четвртата класа и тутунот ќе се цени во три класи, информираат од тутунарските здруженија

Се очекува род од 18 до 20.000 тони, а просечната цена да не биде под 220 денари за килограм. Годинава, има помал род , но поголем квалитет.

Според тутунарите, клучната улога во откупот на тутунот, треба да ја одиграат поверениците на вагите и Земјоделскиот инспекторат чија надлежност е контрола на  состојбите на теренот околу откупот и реалноста на проценките.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles