Кочани идната година ќе гради дом за стари лица, проект кој одамна се споменува со оглед на катастрофалната состојба и бројот на стари лица кои имаат потреба од грижа.
Засега , функционален и единствен од ваков тип е Домот за стари лица во Берово, но неговиот капацитет е премал за потребите.
Во меѓувреме, состојбата значително ќе ја подобри домот за стари во Пробиштип:
Сепак, состојбата можеше да биде далеку подобра, а овие лица да не бидат оставени на милост и немилост на животот, доколку во Штип се изградеше објектот кој веќе 6 години е во прва фаза на изградба, поради нецелосни градежни одобренија.