3.8 C
New York
Saturday, November 27, 2021

Buy now

spot_img

Нови три лица ноќеска немаа сила за живот против короната во КБ Штип

Нови три лица од КБ Штип ноќеска немаа сила за живот и ја изгубија битката со Ковид 19. Вчера, црната статистика беше идентична, па за 48 часа животите од болеста ги изгубија 6 лица.

Починатите се на возраст од 63 до 78 години и со место на живеење во Прибиштип и Кочани, а на лекување во болницата беа во последните 7 дена, информираат од КБ.

Во моментов , хоспитален третман имаат 61 лице што е зголемен просек во последните неколку денови. Од нив  45 се на кислородна терапија и нивната здравствена состојба е под постојан надзор.

И досега сме се соочувале со зголемен наплив на пациенти, но ќе гледаме да го избегнеме отворањето на Модуларната болница, зашто се соочуваме со недостиг на кадар. Доколку капацитетот на Инфективно се исполни, ќе бидеме во координација со останатите ковид центри за преземање на пациенти, појасни за ТВ Стар дир. на КБ – Штип,  Ален Георгијев.

Состојбата со зголеемениот број на новоинфицирани и болнички ковид случаи е вовед во почеток на нов корона бран. Епидемиолозите и инфектолозите се единствени во ставот дека само всо акцинација и почитување на мерките се единствен начин побрзо да излеземе од пандемијата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,030FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles