3.6 C
New York
Sunday, December 5, 2021

Buy now

spot_img

Стопанството бара задолжителна вакцинација

Стопанската комора бара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. Само така, смета, ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси. Како што соопшти денеска потпретседателката на Комората, Анета Трајковска, ова барање во вид на Иницијатива е веќе доставено до Владата.

Ја поддржуваме задолжителната вакцијација во јавниот сектор, посебно во здравството, но сметаме дека вакцинацијата треба да биде задолжителна и во приватниот сектор. Мора заеднички да работиме на подигнување на степенот на имунизација. Затоа предлагаме мерката да стапи на сила што поитно, но да се даде период за можност невакцинираните лица кои се во работен однос да се вакцинираат, рече Трајковска на прес-конференција.

Денес на прес конференција, на истата тема, министрерот за здравство Венко Филипче најави мерки за администрацијата, но само препорака за приватниот сектор:

изјави Венко Филипче, мин. за здравство

Во моментов, некои компании, додаде, самоиницијативно ги тестираат вработените кои не се вакцинирани. Во оваа насока,  Комората предлага Владата да донесе одлука со која ќе ја определи највисоката цена за овој вид тестови.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,044FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles