-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Синдикат на УПОЗ предупредува; Вработените во јавниот сектор за ПЦР тестови ќе треба да трошат повеке отколку што заработуваат

Синдикатот на УПОЗ денеска се обрати со барање до Владата и Комисијата за заштита на населението, укажувајќи дека предложените мерки се спротивни на уставот и побара изнаоѓање поинакво решение.

Министерот за здравство  ја информираше јавноста дека Комисијата за заштита на населението од заразни болести  одлучила да ѝ предложи на владата нова мерка, која ќе ги мотивира вработените во јавниот сектор да се вакцинираат или задолжително да се тестираат на секои 72 часа.

Сметаме дека ваквата предлог мерка на Комисијата е противуставна. Она што посебно не загрижува е тоа што ваква предложена мерка директно задира во финансиската моќ на вработените, и уште повеќе ја загрозува и онака малата економско – материјална состојба на вработените“, се вели во реакцијата од Синдикатот на УПОЗ.

Според нив, согласно член 1 од Уставот е предвидено дека земјава е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.

Доколку вработените бидат спречени да се појават на работа поради немање сертификат или ПЦР тест се отвара можност за прекин на работниот однос или поведување дисциплински постапки и парични казни. Предложените задолжителни ПЦР тестови на секои три дена, ќе значат дека вработените ќе мораат да издвојат приближно 20.000 денари, односно целата своја плата , се вели во реакцијата од Синдикатот на УПОЗ.

Од тие причини од овој синдикат апелираат при носење одлука по предложените мерки  да се изнајдат други начини за да се мотивираат вработените да се вакцинираат.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles