Национална стратегија, а не репресија во справувањето со корона пандемијата, бара Здружението „Гласен Текстилец“. Реакцијата доаѓа откако вчера, министерот Венко Филипче најави дека од сите вработени во администрацијата ќе се бара потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест , а иста мерка би можела да се примени и во приватните компании.
Ова според Гласен текстилец, е неприфатливо и недозволиво:
Здружението Гласен Текстилец најостро се спротивставува на овие предлог мерки и укажуваме на Владата на РСМ да не ги усвојува бидејќи самата предлог Одлука за задолжително вакцинирање на вработените од јавниот сектор е неуставна и противзаконска т.е. спротивна на чл. 9,10,11 и 27 од Уставот, спротивна на членовите 6,7,14 и 25 од Законот за заштита на правата на пациентите и спротивна на членовите 8,9 и 12 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Бараме веднаш да бидат повлечени овие мерки кои задираат во човековата слобода и дејствување, бидејќи во спротивно ќе биде покрената иницијатива за оцена на уставноста и законитоста пред Уставниот суд на РСМ како и повик за протест до вработените и од јавен и од приватен сектор против ваквите мерки.изјави Кристина Ампева, прет. на Здруж. „Гласен Текстилец“ – Штип