3.3 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Зградата на Штипската клиничка болница уште долго ќе остане карабина. Банката на Советот на Европа го стопира идното финансирање

Новата зграда на Клиничката болница во Штип уште долго ќе остане во градежна фаза – карабин, бидејќи Банката на Советот на Европа  одлучи преостанатите 13,5  милиони евра да бидат стопирани.

Неоправдано предолго трае изградбата на новата клиничка болница во Штип и роковите  не се почитуваат, стои меѓу другото во образложението на Банката.

Одлуката на оваа европска институција , воопшто, не е добра ниту за нашата репутација ниту е добра препорака за во иснина , а воопшто не е добра за граѓаните од Источниот регион на кои здравствениот третман на повисоко ниво им се одлага.

За жал затекнавме процес на изградба со нецелосен проект кој доведе до судски спор во кој Министерството за здравство не учествува , а со тоа и во стопирањето на изградбата на КБ – Штип. Во договор со Мин. за финансии, изградбата ќе продолжи со друг финансиски извор, се огласија од Мин. за здравство.

Реакција за новонастанатата и крајно неочекувана ситуација денес имаше од страна на неколкумина градоначалници од источниот регион, од ВМРО ДПМНЕ:

(изјава 1-2 коментар за болницата и што тоа ќе значи за регионот)

Кога и од каде ќе бидат обезбедени споменатите 13,5 мил. евра не се открива, но на граѓаните , воопшто, не им е сеедно што се случува со изградбата на Болницата.

Болницата која што со изградба беше започната во 2016 година , во употреба беше предвидено да биде пуштена  во 2018-та, но судскиот спор помеѓу изведувачот ИнтерКат и првиот подизведувач Бетон од Штип, изградбата на овој објект ја прекина до сегашната неизвесност.

Проектот Клиничка болница – Штип, досега чини 30 милиони евра и искористени се 55 % од кредитот кој сега банката го повлече. Сегашната болничка зграда во Штип е стара речиси 100 години и нејзината употребна вредност одамна е несоодветна.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles