3.3 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Бројот на Корона пациенти во КБ Штип осетно намален но црната серија продолжува. За 24 часа починаа двајца

Бројот на Ковид пациентите во КБ Штип во последните 48 часа осетно е намален од стандардните 60тина тој сега изнесува 43 кој се сместени на Инфективното и еден на Кожното одделение. Од нив 34 примаат кислородна терапија а починаа двајца пациенти од Штип на 70 и 90 годишна возрасат.

Експанзијата на Короната е намалена што го покажуваат и бројките.Без оглед на ова остануваме максимално внимателни и посветени во следењето на ситуацијата го коментираа од КБ Штипнамалениот број на пациенти.

Во Кочанската болница состојбата е иднетична и во моментот на лекување се 15 пациенти што е за неколку помалку во однос на претходните денови.

Во однос на корона присуството кај учениците состојбата е следна

Состојбата со КОВИД-19 во училиштата е апсолутно стабилна. Процентот на позитивни нови случаи на дневно ниво се движи помеѓу 0,01 и 0,03, а вкупниот број активни случаи е околу 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици  кои следат настава со физичко присуство, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска

Инаку вакциналните активности  покажуваат дека на ниво на држава се  аплицирани 822.751 дови вакцина. Според бројот на дадени вакцини 39 % од населението е вакцинирано, а 38 % од популацијата во државата примиле две дози вакцина.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles