3.6 C
New York
Wednesday, December 1, 2021

Buy now

spot_img

Владата ќе заглави многу фирми ако трошоците за ПЦР тестовите паднат на нивни товар.

Во услови кога вакцинирањето против Ковид-19 е бесплатно,  донесувањето на евентуална одлука од страна на Владата со која работодавачите би ги покривале трошоците за ПЦР тестовите за работниците кои не сакаат да се вакцинираат би била целосно нелогична, неоправдана и неприфатлива, се огласија денес од Организацијата на работодавачи.

Според нив , Дополнително, неприфатлив е и предлогот за платени два слободни дена за вакцинација на работниците, бидејќи со ова би се довеле во нерамноправна состојба оние работници кои веќе се вакцинирани, а за кои претходно не важела оваа поволност.

Во време кога компаниите се соочуваат со голема неизвесност и се обидуваат да се обезбедат работа и опстанок на што поголем број работни места, предлогот со кој трошокот за тестирање на работниците кои не сакаат да се вакцинираат да падне на товар на работодавачите би претставувал големо и неоправдано дополнително финансиско оптоварување за компаниите, стои мегу другото во реакцјата на Организацјата на работодавачи на Македонија.

Претходно, со став дека трошоците за ПЦР тестовите треба да бидат  на сметка на компниите  излезе и Синдикатот како  здравствена но и економска  мерка  во интерес на работниците

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,041FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles