Најмалку 6 месеци ќе бидат потребни за утврдување на причините за најголемата автобуска несреќа на автопатот Софија – Благоевград , тврдат експертите по утринската трагедија со Македонскиот автобус во Бугарија во која загинаа 45 македонски граѓани.
Од рано утринава, стручни екипи од Бугарија и Македонија вршат увид на местото на страотната несреќа и ги анализираат трагите од движење на автобусот:
Јасно се гледа од каде требало да излезе автобусот. Возможно е овде да недостига знак или доцна да бил виден. По направената грешка или возачот можеби задремал, не можам да кажам, се обидел да излезе во оваа насока. Овде се стабилизира, но потоа удира во оградата изјави Дијана Русинова, експерт за патен сообраќај
Сепак, што точно се случило, ќе се знае дури по завршување на истрагата, која веројатно ќе ја водат бугарски и македонски експерти:
„Да им се остави простор на надлежните органи да ги преземат неоходните дејствија. Дури потоа може да се коментира за веројатната причина и за она што се случило“ изјави Стефан Јанев, премиер на Р.Бугарија
Во несреќата која се случи околу 02.00 часот утринава , на лице место загинаа 45 патници од кои 12 деца. Телата на сите нив, биле изгорени до степен на јагленисување:
„Сликата е ужасна. Телата се склупчени, на едно место и јагленисани“ изјави Бојко Рашков, вицепремиер на Р. Бугарија
Иако списоци со имињата на жртвите во јавноста веќе излегоа, за точното утврдување на идентитетот, ќе биде неопходна ДНК анализа:
„Не можеме да зборуваме за идентитет. телата се изгорени до непрепознатливост. Се земаат биолошки материјали и со ДНК тест ќе се утврдува идентитетот“ изјави Борислав Сарафов, Директорот на бугарската Национална истражна служба
Од вкупно 52 патници во автобусот кој од Истанбул се враќал кон Скопје, несреќата ја преживеаја само 7-мина, кои се сместени во :
„Сите 7 лица се примени. Повредите не се тешки. Состојбата им е стабилна и с енадвор од животна опасност. Направени се консултации и претстои третман“ изјави Иван Поромански директор на болница Пирогов-Софија
Сите преживеани, се спасиле кршејќи го задното стакло од автобусот во пламен:
„Од она што слушнав, кога се случила несреќата овие седуммина го скршиле задното стакло и така се спасиле“ изјави Зоран Заев, премиер на РСМ
Сите седум повредени патници во сообраќајната несреќа се хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија и се во стабилна здравствена состојба, никој не е животно загрозен. За состојбата на пациентите максимално се посветени колегите од болницата за што сум им неизмерно благодарен, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Автобусот на компанијата Беса Транс кој изгоре во Бугарија заедно со 45 патници, бил дел од четири автобуси кои носеле туристи на викенд во Истанбул. Од нив, во Македонија се вратиле само три .
Наредните три дена, во македонија се прогласени за денови на жалост.