До 29 ноември, сите редовни студенти од општина Кочани, запишани на државните универзитети можат да аплицираат за стипендија преку дигиталната интерактивна платформа „мЗаедница“. Целта е да се создадат услови младите, како баратели на стипендии и корисници на новите технологии, да можат што поедноставно и полесно да конкурираат за стипендии но и дополнително да остварат директна комуникација со Општината која ќе има увид во статусот на барањето.