3.3 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Од денес се чисти најголемата депонија во Карбинци. Десетици тони ѓубре завршуваат под земјата

 

Од денес во Карбинци се чисти најголемата депонија и десетици тони ѓубре, шут и друг вид отпадоци  ќе завршат под земја. Одстранувањето на оваа депонија е едно од изборните ветувања на градоначалникот Виктор Паунов но, и еден од поголемите еколошки проблеми во општината:

Како што ветив и во изборната кампања започнавме со чистење на најголемата дива депонија во општина Карбинци. Место кое веќе подолг период е алармантно за овдешните жители. Во наредните неколку дена ќе биде комплетно исчистена“ изјави Виктор Паунов-градоначалник на о. Карбинци

Паунов во наредниот период најави чистење на диви депонии кои ги има на повеќе локации низ општината:

„Освен во Карбинци во наредниот период ќе се чистат депонии и во Таринци а имаме уште една холема депонија во село Аргулица која ургентно треба да се чисти“ изјави Виктор Паунов-градоначалник на о. Карбинци

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles