Ненајавеното повлекување на електрична енергија од европскиот систем за периодот јули август ќе го чини македонскиот преносен систем 18, 5 милиони евра. Само за незаконското повлекување на струја во октомври МЕПСО ќе треба да плати 16,5 милиони евра, но за ноември се очекува пониска сметка, бидејќи незаконски е повлечена помалку струја и дополнително имаше најави за дефекти на енергетските производни капацитети. МЕПСО од државната каса за решавање на енергетската криза доби д над 16 милиони евра.