Јавната анкета на која делчевци можат да иницираат приоритети и проекти за решавање во наредната 2022 со што директно ќе учествуваат во креирање на Буџетот на Општината е отворена до крајот на месецов. Дотогаш и претседателите на месните и урбаните заедници треба да ги достават записниците од одржаните состаноци во кои ќе бидат нотирани приоритетите во месните и урбаните заедници за решавање во 2022 г.