На повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско Езеро поставени се метални огради или мрежи околу контејнерите. Мрежите се поставени со цел да не се разнесува отпадот од страна на животни и за уредно одлагање на комуналниот отпад. За поставување на 7 мрежи од општинскиот Буџет ќе бидат потрошени 174.000 денари.