Популарниот Црн петок е синоним за попусти, но и измами
Популарниот за сите потрошувачи „црн петок“ е синоним за масовни и масивни попусти. Речиси и да нема дуќан кои во деновиве на викендов не се обидува да привлече повеќе муштерии со реклами за големи попусти:
Нудиме попусти од 30, 50 па се до 70 % , Тоталка ликвидација, се најчестите реклами кои можат да се прочитаат на интернет или видат на излозите.
За трговците ова шанса да продадат повеќе, а за купувачите да купат поевтино.
Сепак, искуствата покажале дека при големи понуди, треба да се биде и многу внимателен.
Дел од трговците кон муштерииите имата фер однос, но за дел еуфоријата наречена „блек фрајдеј“ е шанса за продажба да го подметнат и она кое е за фрлање.
Поради ова, во екот на потрошувачката треска, од Организацијата на работодавачи предупредуваат, многу да се внимава:
Сепак, реално, дали, колку и како „црниот петок “ влијае врз економијата.
Инаку, „црн петок“ е традиција која започнала на почеткот на 60-тите години во Америка, а потоа се проширила низ целиот свет.