-2 C
New York
Wednesday, January 19, 2022

Buy now

spot_img

Берово во процедура една од улиците да го носи името на пожарникарот Жан Кофол

Општина Берово ја започна постапката за именување на улица по трагично загинатиот пожарникар Жан Кофол, кој учествуваше во гаснење на големите шумски пожари кои летото беснееја во Малешевијата. Иницијативата од страна на градоначалникот Пекевски до советниците е веќе поднесена:

– Иницијативата, која ја поднесов за преименување на улица „20” во населбата Ширината, во улица „Жан Кофол”, утре, ќе се најде на разгледување пред Советниците, на третата Седницата на Совет на Општина Берово, наведува градоначалникот Пекевски.

Иницијативата  ќе биде разгледана утре, на 3-тата Седница на Совет на Општина Берово:

Жан Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близината на Нова Горица,  на 28 септември, еден ден пред неговиот 20-ти роденден. 

Кофол беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гасењето на огнената стихија во околината на Берово и Пехчево.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,122FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles