Грција воведе нови ограничувања кои ги обврзуваат верниците да покажат негативен тест за Ковид-19 за да присуствуваат на богослужбите по зголемувањето на бројот на новозаразени во последните недели. Според новите правила, на невакцинираните лица им е забрането да влегуваат во затворени простори, вклучувајќи ресторани, кина, музеи и спортски сали, дури и ако тестот е негативен за корона вирусот. Вчера беше првиот ден кога оние кои сакаа да присуствуваат на богослужбата мораа да покажат негативен тест.