На улицата „Тодосија Паунов“ на пешачката зона се засадени низа дрвја , како компензација за претходно исечени во оваа зона. Согласно Законот за урбано зеленило, за сечење дрвја во градежна парцела сопственост на физички и правни лица потребно е претходно да се поднесе барање до општината. По излегување на терен од страна на одговорните лица, се изготвува записник и потоа се издава решение за отстранување на зеленило до барателот