Северна надвладеа и советниците на ВМРО ДПМНЕ свечените изјави ќе ги препрочитаат за седниците и сите донесени одлуки да бидат валидни:
„Нема да ги препрочитаме свечените меѓутоа ќе ги тераме сите правни закони и ќе ги чекаме одлуките“ туку изјави Душко Иванов, координатор на СГ на ВМРО ДПМНЕ – Штип
Дадените заклетви без Северна, за советниицте од СДСМ беа причина тие да не учествуваат на седниците на Советот. Дали сега ќе го сменат мислењето, откако нивните колеги од ВМРО ќе прочитаат нови изјави:
„Свечената изјава е основ кој ни дава легалитет и легитимитет да донесуваме одлуки. Изјавата со кој се врши грубо кршење на Уставот,не може да произведе ниту легалитет ниту легитимитет. Постапките за донесување на одлуките според нас, мора да бидат повторени“ изјави Маријана Рогожарска Поповска, координатор на СГ на СДСМ – Штип
Меѓутоа единствената советничка на Левица во штипскиот совет , нема намера да попушти пред Северна
Нема да учествувам на таа седница. јас потпишав една изјава и немам намера да потпишувам друга. Се додека Законот не се смени, таа изјава за мене е валидна, кажа Сенада Ибраимова.
Што ова ќе значи за валидноста на советничкиот мандат и учеството на Ибраимова во Советот , веројатно повторно ќе треба да се изјасни Државниот инспекторат за локална самоуправа.