Намалување на цените на електричната енергија може да се очекува од втората половина на април следната година, но тоа намалување е во однос на денешните, поскапени цени, а не во однос на цените од минатата година, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина претседателот на Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги ( Марко Бислимоски, кој за време на претседавањето на 50-тиот Борд на регулатори на Енергетската заедница што се одржува во Атина, по втор пат беше избран за претседател на Бордот.