Пратениците од црногорската опозиција поднесоа во собраниска процедура иницијатива за изгласување недоверба на Владата. „Како што беше најавено, 40 пратеници од опозицијата поднесоа барање за недоверба на 42 влада. Очекуваме поддршка од убедливото мнозинство пратеници“, напиша на Твитер пратеникот и претседател на Социјалдемократската партија Рашко Коњевиќ.