Бугарското издание на „24 часа“ пишува дека теоретски е можно да се гласа за новата влада во земјата на 15 декември, но многу е малку веројатно изборот на новата бугарска влада да биде изненадувачки поврзан со претстојниот Европски совет на 16 и 17 декември. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред овој датум нема да има нова бугарска влада, дури и ако е постигнат договор за имињата на идните министри меѓу коалициските партнери.