Цели две години хотелиерите од Малешевијата чекаа на овој предпразничен момент. Сега, на цел месец пред Нова година и Божик нивните соби се полни како во најдобрите денови а се прават и листи на чекање.
Освен во Манастир, со добро располоение се и во хотел Гогов и комплексот Аурора кои заедно имаат 150 соби. Гости имаат од сите делови на држвата но и од Бугарија и Србија. Освен хотелските, многу барани во Малешевијата се и сместувањата во семејни вили кои ги има над 400. До овој момент од нив се изнајмени повеке од половината но сите се убедени дека за десеттина дена слободни кревети ке нема ниту во нив.