Двајца лихвари од Штип на возраст од 39 и 45 години се приведени од полицијата и се сослушани. Нив за нереален долг и несразмерна камата ги пријавиле оштетни лица по што полицијата интервенирала.
Иако се работи за класично лихврство, полицијата ќе има обемна и тешка задача во целост да го докаже кривичното дело бидејки лихварите биле и претпазливи и иновативни зашто на оштетните превентивно им ги одзеле кредитините картички на кои им стигнувале парите од социјална помош.
На овој начин некои со години биле оставени без егзистенција иако на почетокот позајамиле незначителна сума.