Сезонскиот пазарен ексклузивитет, повеќе години наназад го прави и јапонското јаболко. Чудесно овошје кое по прифатливи цени може да се најде на секоја трпеза.
Освен декоративниот изглед, посебноста на ова овошје е неговиот вкус и исклучително богатиот потенцијал со витамини од кои доминантни се А и Ц, а од минералите изобилува со железо, селен, бакар и калиум.
Ова овошје, може долго да остена дома, особено ако е во фаза на зреење , а според вкусот нивните обожаватели можат да бираат меѓу неколку видови
Потеклото на јапонското јаболко секако е од Јапонија, но интересен факт за него е дека во Европа првпат е донесено во средината на 19 век. Уште поинтересен факт е дека, првото дрво на јапонско јаболко во Македонија е донесено пред 40 години и тоа од некогаш познатиот политичар Лазар Колишевски. Во убавото дрво тој се вљубил во Кина, од каде и го донел.