-2 C
New York
Wednesday, January 19, 2022

Buy now

spot_img

Стипион ги враќа цените на паркинзите назад

Од 01. јануари, ЈП „Стипион“ – Штип ги намалува цените на паркинзите, потврди денес директорот на Претпријатието Игор Ефтимов.

„Од 1 Јануари 2022 година месечните и годишните талони за паркиралиште за вработени, за дистрибутери и општиот талон ќе биде намален. Тоа значи дека сите оние вработени кои плаќале 4.000 денари за годишен талон и 400 денари за месечен талон ќе плаќаат 2.000 и 200 денари за годишен и месечен талон. Сите оние дистрибутери кои плаќале 4.000 денари и 400 денари ќе плаќаат 3.000 денари и 300 денари и општиот талон кои важи за паркирање на сите места од 6.000 денари ќе биде намален на 5.000 денари“ –изјави Игор Ефтимов, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип

Досега, Стипион го менаџираше паркирањето на над 850 паркинг места и во просек, годишно наплаќаше по 7 мил. денари, што беше значаен приход . Со новите цени овој приход значително ќе се намали , па прашањето е што разликата ќе значи во работењето:

„По направената анализа дека по зголемувањето на цените на талоните од претходното раководство драстично е намалена цената на месечни и годишни талони. Токму поради овие причини како јавно претпријатие одлучивме да ја намалиме цената со цел да бидат сите граѓани на Општина Штип кои сакаат да купат месечен или годишен талон да можат да си го дозволат тоа“ изјави Игор Ефтимов, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип)

Штип, наплата на паркинзите воведе пред неполни 8 години и оттогаш бројот на паркинг позициите постојано се зголемува. Речиси во истовреме, наплата на паркинзите почна да се практикува и во Кочани. Во останатите општини, паркинзи не се наплаќаат.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,122FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles