1 C
New York
Thursday, November 30, 2023

Buy now

spot_img

Владата ги замрзна цените на основните производи

Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи како: леб, шеќер, брашно, сончогледово место за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, месо, сувомесни производи, сирење и урда.

За највисоки ќе се сметаат цените кои биле на 1 декември 2021 година во трговијата на големо и мало.Ограничувањето на цените на примарните производи на слободниот пазар е поттикнато од здравствената и енергетската криза во светот како и потрошувачката моќ на граѓаните, информираат од Владата.

Претходно, замрзнување на цените на основните артикли за прехрана бараа Синдикатот и Организацијата на потрошувачи.

Замрзнувањето на цените е до 31 јануари 2022 година, а ако има потреба овој рок ќе биде продолжен

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,912FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles